Животински свет

Кучињата се придружуваат во битката — тренирани се да го “намирисаат” коронавирусот

Со години, кучињата ги чуваат луѓето безбедни со тоа што намирисуваат наркотици, експлозиви на аеродромите и некои видови на болести и рак во болниците, а сега и новиот коронавирус.

Медицинска невладина организација во Англија која успешно ги тренирала нивните кучиња да намирисаат маларија сега пробува да го направи истото и со КОВИД-19.

Организацијата, Medical Detection Dogs, се поврза со Дурхам Универзитетот за да започне да ги тренира кучињата да работат. Др. Клер Гест, психолог кој е дел од организацијата, вели дека „нема никаква пречка кучињата да го намирисаат новиот вирус“.

„Целта е кучињата да ги скенираат сите, дури и тие што се асимптоматски, и да ни кажат дали треба да се тестираат“ – вели таа.

„Знаеме дека другите респираторни болести го менуваат мирисот на телото, па има огромна шанса дека кучињата ќе може да го детектираат. Новата алатка ќе го револуционира пристапот кон КОВИД-19, во месеците кои следат и може да има голем ефект“.

Прочитајте и...  Горат „белите дробови“ на светот – рекорден број пожари во Амазон

Најпопуларно


To Top