Галерија

Културната разновидност отсликана преку фогорафиите на 12 фотографи

Ако сликата вреди илјада зборови, 12-те фотографии од категоријата Култура од 2019-тата Светска награда за фотографии на Sony зборуваат за разновидноста на културите кои се живи во светот денес.

Способноста на фотографијата да илустрира чувство или да зафати соодветен момент, ослободени од ограничувањата на говорен или пишан јазик, е целосно прикажан на престижните Sony World Photography Awards. Никаде не е моќта на медиумот поочигледна или прославена, отколку во конкурсот кој го охрабрува учеството на сите фотографи, без оглед на возраста, позадината или искуството.

Учесниците можат да достават до три од нивните најдобри слики во 10 категории, вклучувајќи архитектура, пејзаж, портрет и улични фотографии.

#1

Студентот по бизнис студии, Дикпал Тапа од Непал, беше избран во потесната листа поради неговата прекрасна слика од ловец на мед од Гурунг кој го ризикува својот живот за да ја собере кошницата на хималајските пчели во далечното непалско село Буџинг.

#2

Како дете, Ремус Даеску сонувал да ја посети Лувр во Париз за да ја види Мона Лиза. Неговата фотографија на делото на Леонардо да Винчи не само што ја открива реалноста на обидот да се доближи до него, туку ја истакнува моќта на технологијата и автентичноста во денешното глобално општество.

#3

Фотографија за Ји Хан за Звукот на светлината, “е начин да споделуваме приказни надвор од времето и просторот”. Приказната на оваа фотографија се однесува на повеќе од 15 милиони лица со оштетен вид во Кина, околу 18% од светското население.

#4

Фотографијата е прозорец во светот за дипломиран инженер за софтверски инженеринг Лифенг Чен. “Црвената река на верата” е негова извонредна фотографија од тибетски будистички калуѓерки што се протегаат низ пејзажот за да ја практикуваат дхармата во храмот Јакинг во Ганзи, Сечуан.

#5

Крај на прославата на Новруз во Иран (Курдистан) 
(Иранска Нова година)

#6

Победник на Надаам (фестивал) , дело на Томек Козловски, Полска

#7

Припреми за кинеска опера, дело на Чи Јан Чуан, Малезија

#8

“Василе Онеа”, дело на Алекс Робцич, Романија

#9

Куклена претстава , Кина

#10

Традиционален грчки живот, дело на Георгиос Папапостолу, Грција

#11

“Цртање на среќата” , дело на Минг Каи Чан, Хонг Конг

#12

Синергија на човештвото, дело на Енг Чунг Тонг, Малезија
Прочитајте и...  14 страшни фотографии кои покажуваат како е да се живее во ковчег-апартмани во Хонг Конг

Најпопуларно


To Top