73090122 2451446454903853 6185931698669092864 n

Први мелодии…
Носејќи ме во некоја стара доба на младост и копнежи.
Некое минато време, кое се надевам дека некој следен живот ќе го заборавам.

Од емоционални причини.
Што се човек мора да направи од емоционални причини?
Јас…
Јас се враќав секогаш назад…
За него.
Да го вкусам макар уште еднаш.
Да го љубам секој пат како последен.
Бев и во Париз…
Но тоа не беше тоа.
Мојата љубов беше тука пред мене цел мој живот.
И секој следен.
Секогаш се трудеше да ми напише поема… но имаше тешкотија да ја заврши.
Секогаш сакаше да ми ја прати низ времето за да изнуди насмевка на моето лице…но попусто.

Никогаш не врне за време на забавата на Ларабел, никогаш.
А јас сакав само дожд, за да ме измие.. Мене и мојата љубов.
Да му се препуштам во прегратка додека има пороен дожд.
А сепак ова е долга ноќ А некој во близина ја пушта La Vie En Rose. Што на француски би значело гледам на светот со обоени во розево очила.
Мислам дека ме опишува исто како и секој црно бел филм кој го гледам.
Како да гледам некој мој минат живот од кој не можам да најдам лек за да го преболам.
Научив многу во секој следен живот.
Многу бројни рецепти…
Далеку од оние во кујна.
Научив за љубовта, копнежот и потребата.
Научив за тагата, меланхолијата и носталгијата.
Но најбитно од се научив да живеам.

Прочитајте и...  Погледи

Нека засвири уште еднаш La vie en rose…додека гледаме ѕвезди и ти ме држиш во прегратки.
Држи ме брзо и држи ме споро.
C’est lui pour moi, moi pour lui dans la vie!

Јелена Ѓиноска

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде