Македонија

Лабораторија Авицена нуди бесплатно тестирање за коронавирус

Во интерес на заштита на јавното здравје, Авицена Лабораторија, како лабораторија која целосно ги исполнува сите светски норми и стандарди за овој тип на тестирање, се вклучува во постапката на изработување на 5000 високосензитивни Real Time-PCR тестови за корона вирус (COVID-19).

Ова е заеднички проект на Авицена Лабораторија, Министерство за здравство и Здравствен Дом Скопје.
Од средината на оваа седмица, ќе биде ставен во функција пунктот за земање примероци во склоп на Здравствен Дом на Скопје-поликлиника Идадија (Млин Балкан).

СИТЕ ПРИМЕРОЦИ ЗЕМЕНИ ОД ОВОЈ ПУНКТ ЌЕ БИДАТ ИЗРАБОТЕНИ ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА И ЦЕЛОСНО НА ТРОШОК НА АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА.

Овој тип на помош и поддршка е наменета со цел побрзо и поуспешно да се справиме со новонастанатата ситуација, да му помогнеме на нашиот здравствен систем, на сите пациенти и целокупната заедница во која припаѓаме.
Како и за другите пунктови, пациентите ќе бидат примени исклучиво по претходно закажан термин преку матичниот лекар и системот МОЈ ТЕРМИН.

Прочитајте и...  Пендаровски прогласи вонредна состојба

И во вонредни услови каква што е моменталната ситуација со COVID-19, грижата за нашето здравје и здравствената грижа за нашите клиенти продолжува. Здравствената дејност во која припаѓаме ние како установа, не обврзува и морално, да пружаме здравствени услуги секојдневно, да си помагаме меѓусебно и да го заштитиме здравјето на сите граѓани.

Во меѓувреме, сите заедно да ги почитуваме мерките од надлежните институции, да бидеме одговорни, да се грижиме за сопственото здравје и здравјето на другите.

Во интерес на заштита на јавното здравје, Авицена Лабораторија, како лабораторија која целосно ги исполнува сите светски…

Gepostet von Avicena Laboratorija am Sonntag, 29. März 2020

Најпопуларно


To Top