in

Лажела дека е болна, граѓаните донирале, а таа со парите си направила луксузна свадба

Британката Карла Луис Еванс успеала да ги излаже хуманите луѓе со приказна преку социјалните мрежи дека има рaк за да собере 15.000 фунти.

izmamnicka

29-годишната Британка од Манчестер се досетила како да дојде до пари за венчавка за која од секогаш сонувала.

За да изгледа дијагнозата поуверлива, таа го фалсификувала потписот на докторот Адам Картер на документот со кој наводно се потврдува дека е во краен стадиум на тешка форма на рaк.

Сепак, хуманитарната организација преку која одела акцијата за собирање пари, ја открила измамата и ја пријавиле Карла во полиција.

Инаку Британката има две деца, а сега и се заканува затворска казна од шест месеци до три години.

Прочитајте и...  Наместо роденденски подароци Олга Костовска собираше донации: 600.000 денари за Музеј на современа уметност Скопје!

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote