in ,

Лејди Гага ја отвори душата и разговараше за најголемата траума

За време на турнејата „2020 Vision: Your Life In Focus“, популарната Лејди Гага често зборува за здравствената состојба и траумите од минатото, поради кои уште нема закрепнато.

Таа својата приказна ја раскажа кај Опра, пред публика од најмалку 15.000 гледачи:

Бев неколкупати силувана уште пред да наполнам 19 години. Немав психијатар, ни доктор кој може да ми помогне. Имам посттрауматско стресно нарушување и хронични болки. Невропатската болка е одговор на траумите. На антидепресиви сум, имам неколку лекари и така преживувам“, додавајќи дека личноста која ја злоупотребувала добро ја познава и била блиска на нејзиното семејство.

Поради стресот и траумите често се самоповредувала, бидејќи на тој начин успевала да ја надмине менталната болка. Сепак, пејачката не открива дали ја пријавила личноста која ја силувала.

Во врска со односот со Бредли Купер, таа вели:

Сè измисливме. Навистина добро ги измамивме сите“, додала Лејди Гага.

Прочитајте и...  Омилената актерка на многумина ја немаше цели 6 години: Причината поради која се повлече е мрачна и тажна

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote