Здравје

Лек од природата: Боровинка – чувар на видот, го зајакнува имунитетот…

Нутриционистите секогаш ја истакнуваат важноста на овошјето. Тоа е природен извор на шеќер и многубројни хранливи материи, а на листата најздрави бобинки се наоѓаат боровинките. Овој ситен темносин плод влијае на здравјето на организмот така што помага во работата на мозокот, ја омекнува сувата кожа и го спречува развојот на рак.

Истражувањата покажуваат дека боровинките содржат најмногу антиоксиданси од овошјето кое досега е испитано. Тоа е главната причина зошто овие темносини плодови се добри за зајакнување на имунитетот.

Едно истражување покажа дека две порции свежи боровинки на ден го намалуваат ризикот од губење вид со стареењето за 38%.

Боровинките имаат корисен ефект и на срцето и крвните садови. Имено, хранливите материи од бобинките им помагаат на артериите да се прошират и играат клучна улога во коагулацијата на крвта, со што спречуваат срцев и мозочен удар.

Боровинката има многу низок гликемиски индекс, па е ретко овошје кое може да се најде во исхраната на дијабетичарите.

Прочитајте и...  Банана, мед и вода против упорна кашлица

Ова овошје содржи многу влакна со што помага во хидрирање на дигестивниот тракт што е многу важно за добро варење на храната, како и за празнење на цревата.

Со оглед на тоа што содржи големо количество манган, се препорачува и за одржување на здравјето на коските.

ЧАЈ

Во народната медицина го препорачуваат за намалување на нивото на шеќер во крвта, за превенција и третман на болести на органите за варење, бубрезите, респираторните органи, ревматизам и хемороиди, за прочистување на крвта…

Најпопуларно


To Top