Здравје

Лекари лечат рак на црн дроб без операција за 20 минути

Универзитетскиот клинички центар во Тузла, по првпат во Босна во рутинска пракса ставиле нова метода за третман на туморот на црниот дроб без изведување на оперативни зафати.

ukc 001 560x390

Се работи за т.н. етанолска аблација на туморот на црниот дроб при која директно во туморот под контрола на ултразвукот се вбризгува одредена количина на апсолутен алкохол.

По овој вид на третман, доаѓа до изумирање на клетките на туморот, како и малиот дел од здравото ткиво, кое се наоѓало околу туморот. Со овој зафат туморот станува целосно уништен и се заменува со друго ткиво.

Овој вид на зафат трае 20 минути, додека пациентот веќе следниот ден може да оди дома. Исто така, добра работа кај овој зафат е тоа што може да се повторува се додека туморот во целост не биде отстранет.

Според зборовите на професорот Нермин Салкиќ, овој вид на метод кој е можно да се примени само на одередена група на пациенти, овозможува целосно лекување или значаен продолжеток на животот на пациентот за неколку години.

Прочитајте и...  5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницата

Досега многу пациенти, кои имале тумори на црниот дроб или метастаза на истиот не биле погодни за оперативен третман, па морале да одат надвор од земјата.

Во тимот кој направил ваква процедура учествувале академик проф. Др. специјалист Енфер Зерем, проф. Др. специјалист Нермин Салкиќ, дипломираните медицински сестри Бахрија Харачиќ и Фирдеуса Исаковиќ од Одделението за гастроентерологија и хепатологија при Клиниката за интерни заболувања, додека од Клиниката за анестезиологија и реаниматологија учествувале Др. Халид Махмутович, Џенита Мешиќ, како и медицинскиот техничар Адис Кавгиќ.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top