Занимливости

Лекции кои нема да ги заборавите – пет кратки и мудри приказни

Пет кратки приказни од чија содржина ќе научите по некоја животна лекција за мудроста, среќата и позитивната мисла.



Еден стар и мудар Кинез се шетал низ поле прекриено со снег и сретнал повозрасна, расплакана жена.

– Зошто плачеш? – ја прашал.

– Размислувам за својот живот, за младоста и убавината кои ги гледав во огледалото и за мажот кој го сакав. Бог беше суров кога ми ја даде способноста за памтење. Знаел дека секогаш кога ќе се сетам на пролетта од мојот живот, ќе заплачам.

На тоа, мудрецот почнал да размислува, загледан во точка во далечините. Наеднаш, жената престанала да плаче и го прашала што гледа таму.

– Поле со рози! Бог беше великодушен кога ми даде способност да памтам. Знаел дека и во зима ќе можам да се сетам на пролетта и да се насмеам.


Разговараат маж и жена:

– Разбери! Само се караме. Не можеме веќе да бидеме заедно, зарем не?

– Ги сакаш ли вишните?

– Да.

– Ги исплукуваш ли семките кога ги јадеш?

– Секако.

– Така е и во животот. Научи да ги фрлаш семките, но истовремено и да ги сакаш вишните.

Прочитајте и...  ДА СЕ НАЕЖИШ: Цепела дрва и се шокирала


Гореле четири свеќи, тивко, мирно и непрекинато. Во просторијата било толку тивко, што можело да се чуе како разговараат со помош на пукањето на пламенот.

Првата свеќа рекла: Јас сум спокој. За жал, луѓето не знаат како да ме чуваат. Мислам дека не ми преостана ништо друго, освен да згаснам!

Втората свеќа рекла: Јас сум верата. На никого веќе не сум му потребна. Луѓето не сакаат да чујат за мене и морам да згаснам.

Третата свеќа рекла: Јас сум љубов, но ми недостига сила за да продолжам да горам. Луѓето веќе не знаат да ме ценам и затоа треба да се изгаснам.

Тогаш, во собата влегло дете, кое почнало да плаче затоа што свети само една свеќа.

– Јас се плашам од темница – кажало детето.

На тоа, четвртата свеќа рекла: Не плаши се. Сè додека јас горам, можам да помогнам да се запалат и преостанатите три свеќи. Моето име е надеж.

Прочитајте и...  Билка која ја нарекуваат вистинско чудо, а никој не ја забележува

Многу одамна, една жена одејќи по улиците на Париз го здогледала Пикасо како црта, седејќи во една улична кафеана. Таа го прашала дали може да ѝ нацрта нешто, секако, за паричен надомест, на што уметникот се согласил.

Кога цртежот бил готов, таа прашала колку ќе чини сето тоа.

– Пет илјади франци – одговорил Пикасо.

– Но, ви требаа само три минути – го потсетила жената љубезно.

– Не – кажал Пикасо – за ова ми требаше цел живот.


Една девојка седела на клупа и плачела. Поминало мало момченце со велосипед, на кое му паднало жал за девојката и ја прашало зошто плаче.

– Ох, душо, не можеш да сфатиш – му рекла.

Потоа, почнала уште погорко да плаче, па ја прашало:

– Те боли ли нешто? Сакаш ли да ти ја дадам мојата играчка? Јас имам многу.

Таа почнала уште толку да плаче:

– Момченце, мене веќе никој не ме сака и на никого не сум потребна…

Потоа, момчето сериозно ја погледнало и ја прашало:

– Дали си сигурна дека ги праша сите?

Прочитајте и...  НОВ БИЗАРЕН ТРЕНД: Сечење на внатрешниот дел на ушната школка

Најпопуларно


To Top