Дом и Градина

Лесни трикови за чистење на вашата рерна

Чистењето на рерната е една од најздодевните, но и најнапорните домаќински работи во домот. Сигурни сме дека кога би можеле, би го избегнале „рибањето“ кое одзема многу време и енергија.

how to clean your oven

Но, некој мора и тоа да го прави, па сакале или не, оваа обврска е неизбежна.

За среќа, постојат лесни трикови за чистење со кои за кратко време и со малку труд, рерната ќе ви сјае.

Чистење со сода бикарбона

Сода бикарбоната е број 1 природно средство за чистење, па логично е дека со неа ја почнуваме листата на трикови. Во еден сад измешајте сода бикарбона, оцет и вода додека да добиете паста. Нанесете ја смесата на најзамастените делови од рерната.

Она што ќе ви остане од смесата ставете го во внатрешниот дел на рерната, вклучете ја на 100 степени 45 минути. Потоа, дамките ќе можете лесно да ги исчистите само со сунѓерче.

soda bez aluminium 3

Чистење со прашок за печиво

Истурете прашок за печиво на надворешниот и внатрешниот дел од рерната и испрскајте со малку вода. По 20-ина минути, тврдокорните дамки ќе се претворат во грутчиња кои лесно ќе ги исчистите со обична крпа или сунѓерче.

3 2

Чистење со сол

Чистењето со сол е уште еден природен начин да ја исчистите рерната. Во загреана рерна истурете обична сол на сите места на кои има дамки и оставете ја да отстои додека не добие кафеава боја. Тоа значи дека ги впила маснотиите.

Прочитајте и...  Сите се опседнати со овој вирален трик за чистење на бели патики

Остатокот од солта соберете ја со крпа, а рерната само пребришете ја.

sol 620x330


Најпопуларно


To Top