Животински свет

Летување со миленичиња: Ви ги носиме најважните совети!

Кога се подготвуваат за летување, многу луѓе немаат кому да ги остават домашните миленичиња, па веќе однаред знаат дека и крзнените членови на семејството ќе патуваат со нив на море.

Тука веќе се појавуваат различни грижи – како да го смирите миленичето додека патувате, што треба да им обезбедите за време за патувањето, со што да ги храните на море…

9mqAJH1lga letuvanje so milenicinja vi gi nosime najvaznite soveti

Ова се трите најважни работи

Прво, не заборавајте да се распрашате дали во земјата во која патувате на граница ќе ви побараат документи за вашето милениче. Во случај да е неопходно миленичето да има пасош, а вие не го носите со себе, целиот одмор може да ви преседне.

Второ, распрашајте се дали хотелот или апартманот во кој ќе бидете сместени е „pet friendly“, односно дали дозволува престојување со домашни миленичиња.

Трето, навреме разговарајте со ветеринар дали вашето милениче пред патување треба да прими некаква вакцина.

Прочитајте и...  17 животни со кои природата сакала да не воодушеви и отишла предалеку

Не заборавајте дека вашите миленичиња, исто како вас, имаат свои навики, па однапред смислете им план за шетање и понесете со себе песок и сè останато што е потребно за да им е удобно и на што се навикнат во својот дом. Задолжително чистете после нив!

OJHQxEUTYa letuvanje so milenicinja vi gi nosime najvaznite soveti

Исхрана на миленичињата на одмор

Исто како на човекот, и на животните промената на средина може „тешко да им падне“ кога е стомакот во прашање. Затоа е важно со себе да понесете залихи од квалитетна храна за секој ден од вашиот одмор.

Сигурно многупати сте виделе како сопствениците на плажа на миленичињата им даваат сладолед, тесто и сè она што тие не го јадат, но, немојте и вие да бидете едни од нив. Како прво, таа храна не им одговара на животните, а како второ, тие се дополнително чувствителни поради патувањето и големите жештини.

Избалансиран буџет

Пред летување воглавно се трудиме да трошиме што е можно помалку пари, но залихите на храна за вашите миленичиња нема да му наштетат на вашиот буџет, ако знаете од каде да ја купите! Добитна комбинација се два исполнети услови – квалитетна храна за миленици и прифатлива цена.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top