Лежел во затвор 36 години поради украдени 50 долари

Афроамериканецот од Алабама кој украл 50,75 долари од пекара, кога имал 20-тина година, и поради тоа бил осуден на доживотна робија, ќе биде пуштен на слобода по повеќе од три децении во затвор.

Алвин Кенард имал 22 години кога во 1983-та бил осуден за грабеж од прв степен, јавува WBRC. Сега има 58 години и ќе биде ослободен од затворот во градот Бесемер.

Кенард бил осуден на основа на стариот закон кој бил тогаш на сила во Алабама, откако претходно бил осуден за грабеж во 1979-та година.

Пресудата од 1983-та година изворно значела доживотен затвор без можност за помилување.

Семејството на Кенард и пријателите емотивно го доживеале ослободување од судијата Дејвид Карпентер.

Кенард, кој во текот на животот работел како тесар и градежен работник, непосредно пред пресудата рекол дека сака да продолжи да се занимава со тесарство и така да заработува за живот.

Адвокатката на Кенард, Карла Кровдер, изјавила дека “нејзиниот клиент е воодушевен од можноста која му се пружа бидејќи бил уверен дека до крајот на животот ќе остане во затвор”, како и тоа дека стотици други луѓе биле неправедно осудени на драконски казни затоа што не можеле да си дозволат добар адвокат.

Прочитајте и...  Како звучи младата активистка Грета Тунберг без подготвен текст?
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде