Клер Мекфарлен е жена која потекнува од Јужна Африка, којашто своето искуство на силувана жена го има поделено јавно како искуство кое за сите е предизвик да се слушне – поточно да се дознае како една жена минува низ процесот на преживување, па и рехабилитација од едно страшно животно искуство како што е сексуалното насилство.

Со оглед на тоа што Клер е на пропатување во Македонија, имаме прилика да слушнеме какви се искуствата на жените и во останатите земји во светот, каде што Клер има прилика да патува.
Својот глас, револт или својата порака кога е во прашање сексуалното насилство Клер Мекфарлен одбрала необичен начин да биде слушнат, виден, а тоа е трчањето.
16 години ја водела борбата со францускиот правосуден систем за правдата да излезе на виделина, а 16-те километри се токму симбол на нејзината борба со францускиот систем.
Целиот разговор со Клер Мекфарлен погледнете го во видеото.