На покана на Пол Малдун, добитник на Пулицеровата награда за поезија, поранешен уредник за поезија во „Њујоркер“ и професор по креативно пишување на универзитетот Принстон во САД, на 25 и 26 октомври на поетскиот фестивал „Принстон“ ќе учествува и Лидија Димковска заедно со уште единасетмина поети од САД, Шри Ланка, Украина и Јамајка.

lidija dimkovska 2

Фестивалот е во организација на Центарот за уметности „Луис“ при универзитетот „Принстон“ кој важи за еден од најстарите и нареномираните универзитети во САД. На фестивалот кој се одржува биенално, а оваа година е во рамките на прославата на 80-годишнината од основањето на програмата за креативно пишување на универзитетот, поетите селектирани од Пол Малдун, речиси сите наградувани и високо вреднувани во областа на поезијата, ќе се претстават на повеќе поетски читања, дебати на тема „Поезијата и притисокот“, како и поетски перформанси.

Прочитајте и...  Интервју со Оливера Ширгоска, писателка и поетеса - Љубовта е непресушен извор на стихови...
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде