Придушени воздишки низ ноќта , утрото не остава ни еден доказ за нејзиното присуство.
Празен кревет со безброј надежи и бакнежи и човек кој чекал бакнеж за добро утро.
Утрото ги открива најмрачните тајни кои ги скрила ноќта.
Неа ја нема.
Надежта е убиена.
Тој крвари.
Безброј проклети зборови.
Безброј чаши испиени.
Тагата последна умира.
Тие очи нудеа надеж и сигурност.
Некогаш.
Тие очи нудеа дом…
Некогаш.
Целата дрскост се оформи во учтивост и нежност.
Срцето си го оставив на масата на која што требаше да се служи само мраз.
Неколку капки воздишки и ништо повеќе.
Ноќта да ги прекрие.
И утрото да ги закопа.
Срцето си го оставив кај човек што не знаеше да се грижи ни за своето.
Срцето си го оставив некаде далеку и почнав да живеам без него.

Сама без трошка каење.
Да крадам воздишки во глувата ноќ и да ги молам Боговите да не прозборат.
Да ме остават уште еден ден тука.
За да можам да танцувам.
Да љубам.
Да се смеам и да плачам.
Да заспивам на нечии туѓи пољани исполнета од љубов краткотрајна.
Зошто не умеам подобро.
Не умеам без срце подобро.
Ниеден нов калап не се совпаѓа.

Прочитајте и...  Каде си?

Остави ме да танцувам уште оваа ноќ.
И да се молам за дожд.
Остави ме да украдам уште некој поглед.
Кога неговиот веќе го нема.
Остави ме да вдишам уште љубов на оваа земја.
Остави ме.

Јелена Ѓиноска

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за