in

Љубовната приказна на Џони Кеш и Џун Картер

Кога Џони Кеш за прв пат ја сретнал Џун Картер и двајцата биле во брак, но тоа не ги спречило да се заљубат на прв поглед. Случајно се сретнале пред неговото прво излегување на сцена, се судриле во пролазот и нејзиниот фустан се закачил за неговата гитара. Кога водителот ја прозвал да излезе на сцената таа викнала дека не може, бидејќи Џони Кеш ја приковал за својата гитара, искинала парче материјал од нејзиниот фустан и излегла на сцената.

Овој симпатичен „инцидент“ му бил доволен на Џони да се заинтересира за убавата и шармантна Џун, која владеела со сцената, бидејќи уште од детството била на неа. Џони Кеш ја запросил Џун 40 пати, но таа секој пат одбивала, се додека не го доведе неговиот живот во ред (Џони имал проблем со дрогата и алкохолот). По одвикнувањето од дрога, следниот настап го имал со Картер, тогаш повторно ја запросил на концертот пред публиката и таа се согласила. Година дена подоцна се венчале. Тогаш годините станале подобри за него, како приватно така и за неговата кариера. Добил син со Џун и тоа дете и двајцата ги усреќило премногу. Во подоцните години и напишал и едно писмо.

Писмото кое Џони кеш и го напишал на својата сопруга Џун за нејзиниот 65 роденден:

„Среќен роденден, принцезо. Остаревме заедно и се навикнавме еден на друг. Исто размислуваме. Си ги читаме мислите еден на друг. Знаеме што сака другиот без прашања. Понекогаш си одиме на нерви еден на друг. Можеби понекогаш се сфаќаме здраво за готово.

Но, од време на време, како денес, размислувам за се и ми станува јасно колку сум среќен што го делам животот со најдобрата жена која ја запознав некогаш. Се уште ме фасцинираш и инспирираш. Твојот впечаток ме прави подобар. Ти си предмет на моите желби и главната причина поради која се уште постојам. Многу те сакам.

Среќен роденден, принцезо.“

Џони и Џун биле заедно 35 години. Во брак биле се до нејзината смрт во мај 2003 година, додека пак Џони починал само четири месеци подоцна.

Прочитајте и...  Кој е број 1 загадувач во светот?

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote