Занимливости

Луѓето кои ги предизвикуваат модните стереотипи

Интернационалниот аеродром во Дубаи е еден од најпрометните аеродроми во светот, со преку 400.000 летови на пистите секоја година.

Но за време на еден сончев Септемвриски ден, полета високата мода на пистите, кога беа домаќини за фотосесија за последното издание за 2018 на Вог Арабија.

Вог Арабија започна со работа во 2016 година, и од тогаш има презентирано импресивна линија на светски модели, вклучувајќи ги и Џиџи Хадид и Ријана.

Сепак, источното издание на магазинот се разликува себеси од западните публикации со тоа што претставува регионални инфлуенсери и стилови базирани на Арапската култура и вредности. Аеродромската фотосесија беше водена од Иранската моделка Фарнуш Хамидиан и Британско-Сомалиската моделка Шахира Јусуф.

Променето лице на моделирањето

Во 2017, Јусуф стана првиот модел со хиџаб која потпиша договор со Сторм Менаџмент, агенцијата која е позната по тоа што ја откри Кејт Мос.

„Ние сме муслиманки“ објасни Јусуф. „Ги носиме шаловите поради религиски верувања“

Прочитајте и...  Обожавате миризливи свеќи? Размислете уште еднаш за штетните последици

„Можеби е тренд во медиумите во овој период, ное ова е нешто што постоело отсекогаш.“

Многу малку луѓе ја разбираат потребата за инклузија подобро од супермоделот и модната икона Наоми Кемпбел, која се појави на корицата на изданието од Ноември 2018 на Вог Арабија. Кемпбел ги поминала своите рани денови во моделирањето борејќи се со расни бариери и различности во индустријата. Таа е првата црнкиња која се појавила на корицата на Францускиот Вог во 1988.

Додека последните победи за различностите се прилика за прослава, Кемпбел се воздржа од својата возбуда со доза на реалност.

„Отсекогаш требало да биде вака“ рече таа, „Неверојатно е да се каже дека ни биле потребни 2017, 2018 за да се случи ова, но најважно е дека се случува.“

Најпопуларно


To Top