Случувања

Луѓето во воз зборувале за неа: Рекле дека е “изоперирана глупачка”, а реакцијата на актерката станала хит

50-годишната актерка Рене Зелвегер неодамна за првпат проговорела за “емотивната траума” низ која поминала поради трачевите кои ја следеле.

Во интервју кое го дала за една американска радио станица, Зелвегер се присетила на ситуацијата во која случајно чула што зборуваат луѓето за неа додека патувала со воз.

„Зборуваа за Холивуд и како холивудските дами се глупави, особено онаа Рене Зелвегер. Како можела да го направи тоа? Зошто би отишла и би го оперирала лицето како тоа да не се забележува? Не личи на себе. Не можеш тоа да го правиш, да отидеш и повеќе да не изгледаш исто бидејќи ние очекуваме да личиш на себе”, го раскажала таа разговорот кој го слушнала.

Бидејќи го слушнала оговарањето, ѝ се укажала прилика да реагира.

„Станав и застанав покрај вратата, чекајќи да се отвори, а мажот сè уште раскажуваше како сум глупава. Го подигна погледот и рече: “Ох Боже, не си … си! Ох, но ти изгледаш исто како некогаш!”, а јас реков: “Да, баш смешно, зарем не?”.

Прочитајте и...  Дафи: Бев дрогирана, затворена и силувана

И покрај огромната слава, Рене не снимала филмови помеѓу 2010 и 2016 година, а потоа почна да го промовира филмот “Bridget Jones’s Baby”. Моментално е актуелен филмот “Judy” во кој Рене ја глуми Џуди Гарланд. Како што раскажала таа, за улогата се спремала гледајќи видеа од Џуди на Јутјуб, а потоа со помош на огледало се обидувала да ги ископира нејзините движења, начинот на говор и мимиките.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top