Животински свет

Луксузен кучешки дом: Да ве собираше, и вие ќе се преселевте во него

Домашните миленичиња одамна се третитраат како рамноправни членови на семејството, многу слични со децата. Нивните желби и потреби се дел од приопритети на секој сопственик, па се труди да им угоди најмногу што може.

Но, додека порано се знаеше дека куќарката на кучето е во дворот и тоа е главен чувар, денес повеќето кучиња се чуваат дома како другарчиња и галеничиња, па се наоѓаат начини за да им биде максимално удобно и пријатно.

Во компанијата на Samsung отишле чекор понапред и ја создале куќичката од соништата за малите кутриња. Таа изгледа подобро и од многу куќи на луѓето.

Со модерна технологија и дизајн, внесени се сите елементи и за забава, но и практичност.

Во оваа модерна куќа има специјална хидротерапија, тревник, кревет, таблет телевизор за анимација, фотографии од други кучиња, апарат за дневна доза храна која кучето само си ја става. Сето тоа чини $30.000 долари.

Прочитајте и...  Милиони фламинга се собираат на ова езеро

Да ве собираше, веројатно ќе се преселевте уште денес:


Најпопуларно


To Top