Италијанскиот фотограф Мануело Бечеко, во неговите пејсажи ја доловува тивката убавина на шумата. Инспириран од околината, Мануело ја користи природата како негово платно, дозволувајќи им на светлината и бојата на опкружувањето да управуваат со неговото дело. Резултатот се фотографии кои изгледаат малку мистериозно и кои ги привлекуваат гледачите во магичен свет што е овде на Земјата.

manuelo bececco landscape photography 21

Мануело прави и патувачки и свадбени фотографии, а започнал со пејсажи фотографирајќи планини. Со текот на времето, неговиот стил еволуирал и тој нашол креативна можност во околините со дрва. Дрвата се вистинските главни ликови во неговите фотографии. Мануело користи разни агли за да ги истакне нивните лисја, текстурата на нивната кора и облините на нивното стебло.

manuelo bececco forest photos 5

„Сред дрвата, како сè да гледам на мој начин – џиновски дрва или гранки кои формираат бариери, ириси во окото. Ова се нешта што ги гледам само во мојот ум и понекогаш можам да ги претворам во фотографии.“

manuelo bececco forest photos 3

Фотографирана низ разни сезони и разни делови од денот, променливиот амбиент за шумата е одлично искористен од Мануело. Италијанскиот фотограф може да ја искористи светлината и расположението што го создава во своја предност и да го фотографира мистичниот момент сред тишината на дрвата.

manuelo bececco landscape photography 4
manuelo bececco landscape photography 17
manuelo bececco forest photos 4
manuelo bececco photography 6
manuelo bececco landscape photography 5
manuelo bececco photography 2
manuelo bececco landscape photography 18
Прочитајте и...  (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ) Убиената девојка фрлена на отпад од заклани животни
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде