Галерија

Магично швајцарско село плаќа 60.000 евра ако се преселите таму

Во ова прекрасно село на Алпите моментално живеат само 240 луѓе, од кои само 7 се деца.

Сакате утопија, живописна природа и прекрасни планини? Имате среќа!

Малото село Албинен во кантонот Валаис сега нуди привлечна сума на пари за да се преселите во оваа далечна заедница.

Албинен е тивко, мирно место со спектакуларен поглед на Алпите, но според властите, младите и семејствата заминуваат оттаму интензивно. Популацијата е сведена на само 240 жители, а училиштето во селото се затворило, присилувајќи ги седумте деца што го посетувале, да патуваат до соседниот град.

Швајцарија сака да привлече семејства и луѓе под 45 години кои планираат да купат или изградат нов дом. Има утврдена сума за возрасни и деца, па едно четиричлено семејство ако се пресели во Албинен ќе добие вкупно 60.000 евра.


Прочитајте и...  Погледнете како изгледа бар во дрво старо повеќе од 6.000 години

Најпопуларно


To Top