Германката Мајке Б. (49), која е обвинета за злоупотребување на штитеникот и измама, ги лажела службите за здравствено осигурување и државните институции дека нејзините четири деца биле тешко заболени и на тој начин неосновано подигнала 140.000 евра социјална помош.

Нејзината приказна за болните деца за кои е неопходна нега предизвикала сожалување од јавноста низ Германија, по што таа се појавила во неколку телевизиски емисии, во кои раскажувала за проблемите со кои наводно се соочувала секој ден.

Мајката на пет деца, која одговара пред Покраинскиот суд во Либек (Шлезвиг-Холштајн), не само што ги терала своите четири деца од 10, 15, 17 и 18 години да седат во инвалидски колички за преку измама да подигне социјална помош, туку и без никаква потреба самата им давала инјекции, открил семејниот доктор пред судот.

Тој изјавил дека на адресата на неговата лекарска пракса биле испорачани лекови против хемофилија во вредност од 100.000 евра, кои биле предвидени за децата на Мајке Б., иако тие не биле болни.

Прочитајте и...  Монструмот си пресуди себеси: Уби цело семејство во Загреб, па изврши самоубиство

-Една инјекција чинела околу 1.300 евра. Мајката навистина им ги давала тие инјекции на децата еднаш неделно – изјавил тој.

Тој додал дека на нејзините деца не била дијагностицирана никаква болест, но дека мајката сама вршела специјалистички прегледи во Хамбург, Хановер, Магдебург и Диселдорф, каде очигледно и препишувале лекови против хемофилија.

Нејзината најстара ќерка (27) изјавила пред судот дека мајката ги убедила децата „дека уште повеќе ќе се разболат ако не седат во инвалидски колички“. Според нејзините зборови, седеле во количките „кога и да ги посетувале вештаци и други луѓе. Таа им зборела дека тогаш посебно треба да се преправаат дека се болни“, рекла девојката која се преселила од фамилијарниот дом уште во 2013 или 2014 година.

Според зборовите на сведоците и вештаците, сите четири деца се здрави како дрен и не им биле потребни инвалидски колички.

-Децата се забавуваа надвор и беа многу живи. Се качуваа на дрва од четири метри, што јас, секако, им забранував, изјавила една воспитувачка.

Прочитајте и...  СВЕТОТ ВО ШОК: Турската армија со класична егзекуција ја уби активистката за човекови права во Северна Сирија, Хеврин Калеф
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за