Животни приказни

Мајка ненамерно си ја крстила ќерката Лазања и сфатила месеци подоцна

Ако сте како и секој еден новопечен родител најверојатно ќе потрошите месеци (можеби и години) барајќи го совршеното име за вашето бебе. Но некогаш, без обзир на нашите најдобри намери се случуваат непланирани работи. За една мајка, за жал, ова значи дека и покрај совршено осмисленото име за нејзината ќерка, прекарот сепак испаднал Лазања. Очигледно дека зажалила многу.

Мајката се породила пред девет недели

„Мојот сопруг и јас го дочекавме нашето прво дете пред околу девет недели. Кога дознавме дека ќе биде девојче, одлучивме да се вика Елизабет. Нејзиното средно име најпрво требаше да биде Џејн, со намера да ја викаме И-Џеј. Како и да е, кога бев бремена 7 месеци, мајката на мојот сопруг ја изгуби битката со ракот. Нејзиното име беше Ања. Ја сакав премногу, па предложив средното име на нашата ќерка да биде Ања. Мојот сопруг и неговото семејство беа воодушетени и се согласија нашата ќерка да се вика Елизабет Ања Џејн.“

Прочитајте и...  РОДИТЕЛИ МОНСТРУМИ: Толку многу го малтертирале детето, поради што останало без двете нозе (ВИДЕО)

Како што мајката објаснува на Редит, во моментот кога дознале дека бебето ќе биде девојче, одлучиле дека сакаат да се вика Елизабет- уште пред да се роди.

Најпрво требало да биде Елизабет Џејн, но кога мајката на сопругот починала поради рак на дојка, таа одлучила да и оддаде почит на својата свекрва и го додала нејзиното име на името на нејзината ќерка.

Кога нејзината ќерка се родила, Елизабет се скратило во Лиз

Штом бебето се родило сите почнале да ја викаат на нејзиното скратено име, наместо целосното.

„Често се уклучуваме на Скајп групни сесии со моето семејство, со оглед на карантинот, па така моето семејство може да го види бебето, а и да останеме поврзани“- продолжува таа.

Тогаш нејзината сестра забележала дека името на нејзината внука е уникатно.

„Мојата сестра рече дека сме го крстиле нашето бебе „Лазања“. Јас не ја промислив врската помеѓу овие имиња, но ако ги ставиме едно до друго Лиз и Ања, навистина делува како „лазања“.“

Прочитајте и...  55-годишна баба го роди своето внуче за да ѝ подари дете на ќерка ѝ која нема матка

Најпрво мајката не била загрижена

Не е важно. Мислам, кој го употребува средното име наместо првото? Кој ќе ја сфати врската помеѓу двете имиња на Лиз? Нажалост, целото семејство на мајката- ете кој.

„Моето цело семејство се придружи кон надимакот и сега сите ја викаат мојата ќерка „Лазања“.

Сега мајката е тотално исплашена дека кога нејзината ќерка ќе почне на училиште, децата ќе ја задеваат

Ако мајката не може да се избори против нејзиното семејство да престанат да ја викаат нејзината ќерка Лазања, нема шанси дека ќе ги спречи децата во училиште да се исмеваат со неа.

Го замолила нејзиното семејство да прекинат со шегите, но тие не сакаат. И рекла на нејзината сестра да престане да се зеза, но таа и рекла дека тогаш не требало да ја крсти ќерка си така.

„Тие не сакаат да престанат и секогаш кога ќе протестирам тие ме потсетуваат дека јас сум таа што  и го дадов името на мојата ќерка, јас сум таа што ја направи грешката“-вели мајката.

Прочитајте и...  ЦВЕТА Е МАЈКА НА ГЕЈ МОМЧЕ (12): Отсекогаш знаев дека е поинаков! ТАА ИМА САМО ЕДЕН СТРАВ

Сега мајката не сака да зборува со своето семејство

Тие мислат дека е неразумно таа да се чувствува повредена. И рекле дека не е во ред што не им дозволува да го гледаат бебето преку Скајп, но таа се прашува дали ја донесла правилната одлука што го пресекла контактот со нив.

Многу од луѓето во коментарите се придружуваат во шегата. Еден од коментаторите ја советува да ја прекрсти ќерката во Лазања Гарфилд, за името да е целосно.

Најпопуларно


To Top