in

Мајка од Флорида реши да им го разубави денот на соседите со цртежи од креда

Мајка од Флорида решила да шири насмевки и радост помеѓу соседите — одлучила да го претвори тротоарот во уметничко дело, а се што и требало се неколку парчиња креда.

Кејси Дрејк е поранешна учителка, мајка на две деца и уличен уметник што ги разубавува тротоарите на Винтер Парк со хумористични илустрации на карактери од Дизни.

Еден од нејзините цртежи ја претставува Дороти од Волшебникот од Оз, за да ги потсети луѓето дека „нема место како дома“ за време на карантинот; со друг цртеж ја претставува Рапунзел која се фали за нејзините способности за изолација.

https://www.instagram.com/p/B-8CYXcA41p/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B-vNsDEgUnE/?utm_source=ig_embed

„Смеењето е најдобар лек“ вели Дрејк за телевизиско интервју. „Сите може да придобиеме од малку хумор во ова време“.

Дрејк вели дека била инспирирана да започне со цртање откако видела слични приказни на социјалните мрежи и новинарски текстови за луѓе кои цртаат пораки на тротоарите со цел да ги насмеат минувачите за време на карантинот.

Прочитајте и...  Дали љубомората е болна, но неопходна емоција?
https://www.instagram.com/p/B-p8saLgrEK/?utm_source=ig_embed

И покрај тоа што трудот на Дрејк нема толку големо социјално влијание како другите национални кампањи, таа вели дека се надева дека цртежите ќе ги насмеат барем нејзините соседи.

„Ни треба ментален одмор на некое вре“ вели таа. „Знам дека некои луѓе шијат маски и донираат работи, па и покрај тоа што моите цртежи не се толку важни, сепак имаат улога. Доколку некој се насмее поради моите цртежи, и за момент заборави на тагата и стравот, мислам дека тоа е победа“.

Повеќе од нејзините цртежи може да најдете на нејзиниот Инстаграм профил.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote