Мајка осомничена дека ги убила своите две ќерки – Хорор во Австралија

Австралиската полиција уапси 38-годишна жена, по потекло од Босна и Херцеговина кај Перт, која е осомничена за убиство на нејзините две ќерки.

majka

Телата на девојчињата, кои имаа шест и десет години, беа пронајдени од нивниот татко при враќање од работа во периферијата на австралискиот Перт.

Уапсената жена имала рани од самоповредување, била однесена во болница, но не била опасна по живот, јавуваат австралиските медиуми.

Соседите изјавиле дека семејството е од Босна и Херцеговина и живеат во Австралија околу 20 години.

Полицијата соопшти дека семејството немало досиеја, ниту пак биле познати за кршење на законот, пренесува АБЦ.

Прочитајте и...  Втор случај на родени екстремно ретки полуидентични близнаци во светот
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде