in

„Мајка“

Била заљубена на петнаесет години.
Ја понесле емоциите, па не издржала и на седумнаесет ја родила првата ќерка. Година и пол подоцна, дошла на свет и другата, таа помалата, најубавата.
Мајка – те оживува и кога не си свесен.
Да, да, тоа е мојата мајка.
Нè растеше, школуваше без трошка здив на немоќ.
Апсурд е да можеш да издржиш во животот, да поминеш низ сито и решето ( народски кажано) и свесно да ја држиш главата горе.
Клише е да пишам жена, мајка, кралица, нели? 
Ќе пишам херој!
И така се редеа успеси, подеми и падови…моменти испреплетени со добро и лошо (во меморија ќе ги задржам тие првите).
Па нели и таа има срце, срце камено.
Кога на сите ни беше најтешко таа ни збор не изусти. Се носеше со секој миг.
Но, редот дојде на неа… Две операции за пола година и живот со стентиран сопатник.
Зарем и сега нема “оф” да кажеш?
Мајка.
Сама во болничката соба, легната и беспомошна ти висеше главата на зелената прекривка без да молиш за помош. Немоќна, а храбра. Го надмина цврсто и стоечки тој период, без да размислиш дека сите дома нè чекало трагедија.
И сега?
Како психички да се бориме сите ние?
Да, го загубивме од твоето прво чедо животниот сопатник.
Зарем мораше да биде толку суров животот? Многу прашања, а одговорот беше само еден.
И повторно ја ублажуваш болката пред останатите! Која душа на мајка си ти!
Ти си мајка за век и векови! Кога животот ти удираше шлаканица, ти со насмевка му враќаше.
Е, така е и ден-денес!
Јас сум горда што постоиш!
Мајка 🌷

Пишува: Маја Т. Стојаноска

Прочитајте и...  (ФОТО) Редок феномен: Пеперутки пијат солзи од желка

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote