Психологија

Мајките кои често споделуваат фотографии од нивните деца најверојатно страдаат од депресија

Ние сите знаеме една мајка чие дете не може да трепне без таа да го фотографира тоа. Можеби нема ништо лошо во тоа, но за оние кои ги гледаат тие слики 24/7 на социјалните мрежи може да биде неверојатно досадно. Можеби ќе сакаме да го намалиме бројот на таквите мајки на нашите социјални мрежи,но истражувањата покажуваат дека тие мајки најверојатно страдаат од депресија.

Една студија направена на Државниот универзитет во Охајо неодамна откри дека од испитаните 127 мајки, оние кои испратија најмногу фотографии на нивните деца, беа оние кои чувствуваа огромен притисок да изгледаат како “совршена мајка”. Поради тоа, ја почувствуваа потребата да ги покажат своите вештини за родителство преку социјалните медиуми.

Според сајтот Your Тango, во крајна линија целта исто така е задоволство преку допаѓањата и коментарите. За жал, иако ова може да биде добро во моментот, експертите веруваат дека тоа не е здрав начин за справување со она што очигледно е многу подлабок проблем.

Прочитајте и...  Видео кое ќе ги разнежни родителите: Бидејќи децата се малечки само кратко време

“Ако мајката објавува на Фејсбук за да добие потврда дека прави добра работа и не ги добива сите лајкови и позитивни коментари што ги очекува, тоа би можело да биде проблем. Таа може да се почувствува полошо”, рече истражувачот Сара Шопе-Саливан.

Ова, за возврат, може да доведе до тоа мајките да паднат во депресија, бидејќи не го добиваат одобрението што очајно го сакаат. Во студијата, мајките кои признаа дека се депресивни беа и оние чиј Фејсбук ги содржеше повеќето фотографии на нивните деца.

“Убаво е да споделувате приказни и слики на вашето бебе, но потпирањето на Фејсбук за да се чувствувате добро за вашето родителство може да биде ризично”, продолжи Шаппе-Саливан. Истражувачите ги следеа нивните објави на социјалните медиуми по првата студија и се сретнаа со нив повторно девет месеци подоцна.

Интересно, постоела чудна врска помеѓу употребата на социјалните медиуми и начинот на кој жените се гледаа себеси како мајки. Според Your Tango, мајките кои имале фотографии од нивните деца како нивна слика на профилот, се чувствувале повеќе “мајчински” од оние што немале.

Прочитајте и...  Зоолошката градина во Лондон објави рендген слики на животни

“Она што овие мајки го кажуваат е дека нивното дете е централно за нивниот идентитет, барем во моментот.”, вели Шопе-Саливан.

Како и кај мајките кои премногу објавуваат, луѓето кои имаат тенденција да трошат премногу време на социјалните медиуми, исто така, се изложени на ризик да станат депресивни. Всушност тоа е толку честа појава што дури има и термин за тоа – “Фејсбук депресија”.

Најпопуларно


To Top