Текстови и колумни

Мајсторот на зборот во мојата имагинација

Минуваат децении, векови, години сe’ се менува, но едно останува неменливо – вечно, тоа е историјата на нашиот народ. Таа е, да беше песна напишана на лист, можеби ќе ја избришаа, ќе ја искинеа, но тоа не можат да ни го избришат.

Секој од нас уште од мали нозе покажува интерес спрема одредена област. А дали би можеле да напишеме, да комуницираме ако не беше зборот, се започнува од него, тој е темел на се’. А дали зборот ќе беше збор, ако не беше нашиот Блажета? Не.

Ни зборот ќе беше збор, ни поезијата ќе беше поезија. Да не беше тој, ќе останевме неми, македонскиот јазик ќе немаше историја, а народ без историја е слеп народ. Да не беше тој, ќе не знаевме за граматика, за правопис. Ќе имавме реченица, ќе немавме точка, ќе сакавме да прашаме, но ќе немавме прашалник, па и прашањето и раскажувањето ќе ни беа исто, нема да можевме да комуницираме.

Ќе имаше прашање, ќе немаше одговор и обратно.

Човек кој завзема голем скок за македонскиот литературен јазик. Развил богата културна дејност како творец, препејувач, есеист, критичар. А како да му заблагодариме, освен да го негуваме нашиот јазик, неговото дело.

Секој од нас е ѕвезда, а секоја ѕвезда се движи по утврдеба орбита, без мешање. Во која јасно е дека секој треба да го прави, тоа што му е по волја. Мојата волја беше да бидам горд, успешен студент под покривот на “Блаже Конески”, една од неговите внуки, негов наследник. Секој кој е под покривот на Филолошки факултет е негов внук. Сите ние сме блажеви внуци. И горда сум што сум под тој покрив. Со сета негова исчитана историја, дела, прекрасна поезија, едноставно се чувствував должно. А ќе се реванширам со тоа што вредно ќе ги истакнувам моите успеси под твојот кров на Филолошки, ќе го негувам единствениот мајчин јазик, ќе бидам негов наследник.

Детективски ќе ги следам и ќе откривам за неговиот пат, ќе го демнам секој негов чекор.

Минувам низ ходникот, на пауза ќе седнам на клупа. Е, баш овде пред него,пред фотографијата што стои закачена на ѕидот, долго време ќе гледам во него, ќе се прашувам, прашања милиони, но без одговор.

Слика ко слика нема е. Можеш само да ја гледаш и да и се восхитуваш.

Ништо друго не ми останува, освен да го замислувам во мојата имагинација, да го анализирам според сторените дела, постигнатите успеси и да градам во мојата имагинација , мои слики, што човек си, да предрасудам. Сепак во мојата имагинација си те градам како голем, позитивен човек.

Прочитајте и...  Молк - поема која ќе ви побуди длабоки чувства на меланхолија

Жал ми е што не можев на негово предавање да бидам присутна, макар на 10 минути. Го замислувам само каков професор бил, човек за народот, за студентите.

Знам, дека на неговите предавања студентите слушале со внимание, и цел ден не им било доста, и после 7 часа предавање тие велел: Сакаме уште и уште, само да го слушаат. Секој ден на предавање им пренесувал нови поуки, кои ќе бидат од нивна полза. Едноставно има ја разискрувам мотивацијата, затоа што се Македонци, што се на тој факултет, ја разгорувал желбата во нив. Исто како што ја разгорува во мене, колкку повеќе го читам, елиминирам се и седнувам да пишувам,знам дека празните листови жедно чекаат на мојата роза или поезија. Како што неговите студенти ги оставаше жедни до следното негово предавње, кое со нетрпение го очекувале. А на предавањата го гледале како што мало дете го гледа шлагот од тортата, те слушале како славеј во пролет. Но ти не си само пролетен славеј, туку безвременски.

Нема човек кој лошо би кажал за него. Нашите професори денес често го споменуваат, барем тие што успеале да го доловат како професор, колега, пријател. Секој од нив со восхит ќе каже: “ Вие деца не знаете каков човек беше професорот Блаже, како беше на неговите предавања.” Се гледа искрата во нивните очи, како има сјаат како злато на сонце, кога зборуваат за него.

Моќта на поезијата е што онаа, вистинската, секогаш упатува безвременски пораки. Тоа го научив од него, од неговата поезија.

Од неговите песни градам слика за човек кој бил толку крвно поврзан за татковината, блиски до народот. Татковината живее во него и во секој од нас, тој ја гледа, ја разбира, ја прифаќа, ја оживува, нејзината историја, традиција и бит.

Па секој Македонец што ја сака татковината, може да напише поема од чувствата поведен што во него збеснато горат за неа. Посебно кога би се навратиле на сите старадања наназад, кои ги истрпел нашиот народ, сите маки, за денес ние да се радуваме слободно на сонцето како горди, чисти Македонци. Слободно да дишеме, да се движеме без околопи, слободно да шетаме по полјанките, да се радуваме на цветот, на миризот на пролетта.

Блажета сета таа горчина ја има почувствувано, можеби како дете сето тоа му минело како филмско платно пред очи. Долговечното ропство, мрачното, ужасното и крваво ропство. Секогаш нашиот народ е бунтовен, но челичен, ќе се идигне до слободата, ќе издржат ќе дојдат до неа. Сето тоа тој ни го претставува низ неговата поезија.

Прочитајте и...  Рецензија: „Записи“ - најновата книга на една млада авторка која ќе ја прочитате во еден здив

Секогаш иднината ја гледа во посветли бои и трипати подобра од минатото.

Делата ги создал инспириран од народот, митското минато на нашиот народ, од историјата легендата, кој во песните тоа минато ќе го осовремени, ќе го доближи до сегашноста и ќе го поистовети со денешницата.

Исто како што тој денес треба да ни биде нас инспирација.

Ние не знаеме за војните, ропството, само сме слушнале, учеле, исто како и за него и може само да го замислиме тоа, а можеби нему му минале тие немили настани како филмска серија пред очи, а можеби и само слушнал, па според неговите замисли во поезијата ни ги претставува случките. Па истото го можеме и ние. Да дозволиме да бидеме поведени од нашата имагинација и да го иградиме ликот на Конески преку стиховите, да го осликаме на хартијата преку стиховите.

Денес живеам во чуден свет, каде што нештата се одвиваат онака како што се предодредени.

Секојдневието, мечтите, фантазијата го трасираат текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат.

Светот и животот, денес се разликуваат многу од она што биле пред неколку години.

Ние како младина треба да ја развиваме културната дејност, да го продолжиме патот на нашиот Блаже, да го подржиме со тоа неговиот труд, напор.

Ако не беше зборот, ако не беше културната дејност, како ќе ги изразевме нашите чувства?

Секогаш ќе го немаше пријателот тука да не’ сослуша, но листот – хартија секогаш е тука и те чека да ги истуриш твоите чувства и никогаш нема да ти кажe: доста!

Може само да те вовлече се подлабоко и подлабоко во бездната.

Ако не беше зборот ,ако ја немаш онаа романтичарска душа како ќе ја освоиш девојката по која лудуваш.

Конески често се борел со мастилото, со кое и ние треба.

Понекогаш ќе бидеме изреволтирани, ни доѓа да ги искршиме сите вазни, чинии. Во бес откорнуваме парче од ѕидот и го опињаме со сета сила, надевајќи се конечно да пушти душа. Не! Cкока од под рушевините како супермен и полетува право накај вратот. Од крвта сака да ти се напие. Како вампир сака да се збрца во каротидата и да те цица. И тогаш вадиш празни листови и му шушкаш пред очи на перото. Ќе застане така лебдејќи во воздухот, двоумејќи се помеѓу нашите артерии и белата и невина хартија. И силеџија, како што е, и се нафрла на хартијата.

Прочитајте и...  Љубов за еднократна употреба

И ќе го оставиш едноставно да беснее по неа.

Можеби еднаш ќе се насити со неа, ќе ти ја заборави крвта. Или не.

Е тоа е таа дејност, таа моќ на зборот , со која Блаже се занимаваше. Перото беше неговото оружје.

Да не беше зборот, ниту ќе беше технологијата, ниту медицината, ниту науката.

Технологијата, социјалните мрежи може да овозможат пристап до моменталната потреба, но од неа само вештачки примаме знаење, изумира полека зборот. Културната дејност развивајте ја млади, зборот на Конески.

Да, писмото, кое денес е социјална мрежа.

Писмото и зборот кои на Конески најверен другар му биле за цел живот. Неговата детска игра. И кога зборот првпат го читал оган му горел, му бил близок, а чуден, новиот збор. Во кое убаво ни пренесува и ние да ја продолжиме таа традиција:

И кога првпат го четав,
непознат оган ме згоре-
ми беше блиско а чудно,
и нов ми звучеше зборот:
“Јас сакам секогаш тебе
Мил другар да те сретам.
Затоа работи и ти
да стане поубав светот. ”

И јас би сакала да живеам токму во тој свет, во кој живеел Блажета и ќе се трудам да го освојам. Светот каде што траватае зелена, а небото сино. Каде се слушаат само птици како пеат, а цвеќињата се шарени и мирисаат низ хартијата, низ стиховите, каде што сите луѓе се среќни и еднакви.

Благодарни сме за белиот ден што ни го даде, за сонцето, за тоа што не дозволо да останеме неми деца.

Можеби тој повеќе не е меѓу нас, но сепак е жив, Тука е.

Живее во нашите срца, неговите дела, поезија, го оживуваат, го чувствуваме со нив. Тука е неговата сенка, која постојано не’ демне, таа е која ни вели потајно во нас: “Творете деца, творете, докажувајте дека не бил залуден мојот труд, мите напори”.

Иако неговите стихови се одамна напишани, нивните пораки се вечно актуелни.

Уживајте во поезијата, културната дејност и бидете сопствени режисери на зборот.

Од се сакам едно секогаш да го имате на ум, нешто по кое секогаш ќе се водите, дали ќе одите по творечиот пат или не, тоа нешто нека трепка: Тој што не може да се приближи до три илјади години, тој живее од денес до утре.

Пишува: Цики

Најпопуларно

To Top