Видео

Кичевчанец соработува со синот и креаторот на легендарната песна Eye of the Tiger-Rocky III

Доказ за тоа дека македонците се едни од најталентираните музичари во светот е и уште еден млад талент по името Диамант Балажи.
Диамант е уште едно свежо име на естрадата, за кое сме сигурни дека нема да останете рамнодушни. Освен привлечниот изглед Диамант го издвојува од толпата и огромниот музички талент во кој и Вие ќе се уверите.
Тој разговараше со Публицист за почетоците на неговата кариера, неговите соработници и музичкото патешествие кое започнува во 2014та година.
Еве што тој имаше да каже за неговата кариера која допрва ќе ја гради:


“Diamond Balazhi” како проект постои од 2014 година кога со мојот соработник и фронтмен Бојан Вељаноски го издадовме првиот албум наречен “Lies”. За овој албум да стане реалност и навистина да оживее, беше заслужен нашиот продуцент Славе Викторијоски.
Јас веќе 5 години живеам и работам во Америка, сум дел од најразлични проекти, свирам и развивам музика со најразлични луѓе и жанрови, меѓутоа засекогаш омилени соработници ќе ми останат моите драги луѓе во Македонија со кој што сеуште и ден денес соработуваме и креираме.

Прочитајте и...  Во кинеска лабораторија родени првите хибриди од мајмун и свиња

Истотака, Диамант и неговиот фронтмен Бојан штотуку ја објавија нивната најнова песна насловена “Rise Up”, чиј видео запис е сниман паралелно и во Америка и во Македонија.


Диди ни открива ексклузивни детали од снимањето и продуцирањето на песната:

-Видео записот е снимен од Милутин Тозоски , а монтиран од страна на Димитар Павлески, како што веќе најавивте истиот е сниман паралелно на две локации, односно во Америка и Македонија.
На мое огромно задоволство оваа песна е работена во The Jam Lab Studios во Чикаго, која е во сопственост на Colin Peterik мој добар другар и син на Jim Peterik – членот од Survivor и креаторот на најлегендарната песна за филмот “Eye of the Tiger” за најпознатиот филм Rocky III.
Еден интересен факт за мене е што баш овој филм беше еден од моите омилени филмови кога растев, и со самото тоа оваа цела песна е еден детски сон којшто прерасна во реалност, да соработувам со еден од креаторите на оваа песна за која знае цел свет.
Завршните финеси ги додаде мастеринг инжењерот Gregor Zemljic од Словенија.
Големa благодарност до целиот тим на Публицист за вашата поддршка се надевам ќе Ви се допадне песната.

Прочитајте и...  ВИДЕО: „Американска фабрика“ наместо „Медена земја“ зема „Оскар“ за најдобар документарен филм

Публицист Ви посакува уште многу успешни албуми и проекти, а нашите читатели песната може да ја чујат со еден клик на линкот подолу:

Најпопуларно


To Top