Македонија

МАКЕДОНЕЦ СТАНА СВЕТСКИ УФЦ-ШАМПИОН: Александар Велики Волкановски синоќа во тешка борба во Лас Вегас го победи Макс Холовеј ( ВИДЕО)

Триесет и едногодишниот австралиски натпреварувач во мешани боречки вештини со македонско потекло, Александар Волкановски е нов светски шампион во перолесна категорија во престижната УФЦ-серија.

Тој ноќеска, по голема борба во Лас Вегас, го совлада еден од најдобрите во историјата, Макс Холовеј.

Александар Велики, како што го нарекуваат медиумите, доминираше во текот на целиот меч и на крајот победи со едногласна одлука на судиите во негова корист.

Волкановски е роден во Шелихарбор во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од пелагониското село Беранци од каде на 15-годишна возраст се преселил на печалба во Австралија.

Волкановски шансата да се бори за шампионскиот појас ја доби со 17-те триумфи во низа во октагонот, од кои седум беа во најдобрата на светот во мешани боречки вештини, УФЦ-серијата.

 

Прочитајте и...  Нема одлука за олеснување на рестриктивните мерки

Најпопуларно


To Top