Македонија

Македонецот што ја најави сопствената смрт

makedonecot sto ja najavi sopstvenata smrt

Емотивна најава на сопствената смрт предизвика многу емоции во Македонија и меѓу Македонците во Австралија каде што една година престојува младиот Мартин Стефановски.

Тој ноќеска преку фејсбук се прости со трогателна порака до неговите блиски, по што прекинал да комуницира по телефон со сите што го барале.

Во коментарите до Мартин стотици луѓе го молат да не го презема најавениот чекор.

Луѓе кои добро го познаваат велат дека се работи за исклучително образовано, чесно, вредно и умно момче.

Во Скопје Мартин е познат како активист за граѓански права, борец против промена на името и учесник на протестите против промена на името.

Во Австралија заминал пред една година во обид да заработи за преживување откако во Скопје бил избркан од работа во Музејот на Македонската револуционерна борба каде работел како водич на туристи. По професија е историчар.

Според пораката една од причините за неговата порака е абортус на неговото неродено дете.

Прочитајте и...  ЗОО Скопје за роденденот отворa „Baby zoo“ со мали питоми животни

Пораката на Мартин:

Тато фала што ми овозможи во животот онолку колку што можеше. Го помина цел живот работејќи и обидувајќи се да направиш нешто добро за својата фамилија. До крај остана чесен принципиелен човек кој држи до својот збор. Ти простувам за сите кавги и тепачки кои ги имавте со мама.

Разбирам дека до истите нив доаѓаше бидејќи сакавте повеќе а не знаевте како. Татко прости ми ти мене што ќе си одам од овој свет пред тебе.

Прости ми што не успеав да ви подарам внуци кои ќе ги сакате со целото ваше срце. Чувај ја мама и не и дозволувај да направи некоја глупост ко мене. Од небото сакам да ве видам среќни како играте на свадба на марче и сара

Бато те молам извини што ќе те оставам сам. Те молам ова нека не те спречи да ги исполниш своите цели во животот. Се гордеам со тебе и ти завидувам што имаш прекрасна сопруга и две прекрасни деца. Чувај ги како очите свои. Извини што ќе донесам срам за нашата фамилија. Биди до мама и тато помогни им колку можеш. Не планирав вака да завршам но нема друг начин. Срцето ме боли секоја вечер. Секоја вечер, секое утро се чувствувам згазен, безнадежен, не можам веќе да продолжам да живеам вака.

Прочитајте и...  Пред Тодорова сабота се остваруваат сите желби- вечер сите девојки пред да легнат треба да го направат ова

Николче, Даниел, фала што ми бевте пријатели, немојте да завршите ко мене, оженете се имајте прекрасни сопруги со кои ќе направите убави среќни фамилии.

Мамо ти си личноста за која највеќе ми е жал. Нема друга личност која и покрај сите глупости ме сакала повеќе од тебе. Те молам прости ми што на крајот испаднав будала. Те молам прости ми за сите стресови. Извини што не ти донесов повеќе радост во животот. Извини што испаднав лош безнадежен син кој неможе со ништо да се пофали во животот. Морам да го напуштам овој безнадежен живот мамо. Ти продолжи да живееш чуваjте се со тато и бато и најдете начин да бидете среќни без мене.

Јас повеќе не можам да продолжам да живеам во свет во кој моето прво дете е абортирано, не можам да живеам во свет во кој и нанесов толку болка и стрес на жената со која сакав да го поминам остатокот од мојот живот

Прочитајте и...  Четири лица во изолација во Охрид

Знајни и незнајни другари и другарки фала што бевте дел од мојот живот. Секој ден 24/7 пробајте да ги правите луѓето околу вас среќни. Тоа е најзначајната вредност што можете да му ја подарите на светот.

Bella im sorry it was all my mistake from day one. Forget about me, find your happy place.

Пробав да ве сакам сите.
Се надевам тие што ме знаат нема да ме заборават толку брзо и ќе ме помнат по човекот кој бев а не по тоа што ќе го напуштам животот порано од предвиденото.

Најпопуларно


To Top