Македонија

Македонија со победа врз Косово се пласира во финалето на Лигата на нации!

Македонската фудбалска селекција избори место во финалето од плеј-офот за пласман на ЕП преку Лигата на нации.Сениорите вечерва славеа над Косово со 2-1  и против Грузија на 12 ноември во Тбилиси ќе играат финале а победникот ќе се пласира на ЕП.

Натпреварот на Арената Тодор Проески во Скопје почна одлично за македонската репрезентација.Избраниците на селекторот Игор Ангеловски го отворија резултатот во 16. минута со помош на Кололи кој несреќно за Косово,  интервенираше по шутот на Ристовски.Гостите во 29.минута  стигнаа до 1-1 преку Хадерѓонај  кој го искористи  недорабирањето во нашата дефанзивна линија со голманот Димитриевски.Но Македонија брзо се врати во предност.После центаршутот на Барди во 33.минута ,  Велковски погоди за 2-1.Во второто полувреме    нашиот состав  одигра квалитетно,имаше неколку шанси  за помирен финиш ,но резултат остана непроменет,2-1 за голем триумф и финале  во Лигата на нации против Грузија.

Прочитајте и...  Стојан Ѓоревски: Јутуберот од Македонија со едни од најгледаните видеа

Најпопуларно


To Top