ohrid sv jovan blagoslov kaneo

Македонија е на високото, трето место на листата на „Лонли планет“ за најдобра туристичка дестинација за 2020 година.

ohrid sv jovan blagoslov kaneo

„Лонли планет“ е компанија за туристички совети и за Македонија вели дека „гастрономијата, античката традиција и природата“ ја класифицираат нашата земја меѓу трите најдобри туристички дестинации во светот.

Пред нас се Бутан и Англија, а потоа следат: Аруба, Свазирленд, Костарика,  Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.

Таа веќе беше позната по гастрономијата, античката традиција и природата, но зависниците од културата и авантуристите ќе најдат нов изговор да ја посетат во 2020 година со додавањето нови летови до Охридско Езеро, кое е заштитено од УНЕСКО, и неодамна покренатата ‘Висока шарпланинска патека’“, 495-километри долга патека по должината на најдраматичните врвови на регионот“, вели Лонли планет.

„Со тукушто решен еден од најдолгите конфликти во Европа – спорот со Грција за името Македонија – прекрстената ‘Северна’ Македонија е преполна со напуштени дотраени цркви, живописни планински села и историски докази од безбројните освојувачки империи“, вели Ајриш егзаминер коментирајќи го изборот.

„Ако по нешто ви е позната земјата, тоа веројатно е пејзажот, но поупорните патници ќе наидат на изобилство од културни љубопитства и страст кон убавата храна. Скопската Турска чаршија му е достоен конкурент на Истанбул, додека Македонците имаат и склоност и талент за црвеното вино.“

Прочитајте и...  ДОМАЌИНОТ НА КОЛЕНА: Македонија херојски ја совлада Словенија
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за