Македонија

МАКЕДОНИЈО, РАДУВАЈ СЕ: ВАРДАР Е ПРВАК НА ЕВРОПА !

Ракометарите на Вардар остварија голема победа над Веспрем и ја освоија втората европска титула во својата клупска историја (27:24). По неверојатниот камбек против Барселона во полуфиналето, Вардар вечерва доминираше против Веспрем и се искачи на европскиот трон вторпат во три години.

received 1317512921736456

Неверојатниот успех, „црвено-црните“ го заслужија со доминација во првото полувреме (16:11) и голема борбеност во вториот дел, во кој Вардар го издржа налетот на Веспрем и на крајот стигна до слатката победа против уште еден фаворизиран противник.

Веспрем првпат дојде до негатива од само еден гол во 40. минута, потоа уште еднаш седум минути подоцна на 22:21, но во продолжение „црвено-црните“ имаа најмалку два гола предност и истата не ја испуштија ниту во драматичната завршница за конечни 27:24.

Рожерио со 6 и Чупиќ со 5 голови беа најефикасни во редовите на Вардар, додека на спротивната страна Мае реализираше 6 погодоци.

Прочитајте и...  Промоција на збирка поезија „Здобол во злодоба“

Најпопуларно


To Top