Македонскиот ансамбл Танец е апсолутен победник во Париз од каде што се враќа со освоена Гран при награда.

maxresdefault 11

Македонските играорци на Меѓународниот фестивал на уметностите Les Etoiles De Paris настапија во конкуренција на 350 учесници, а оркестарот на ансамблот Танец под водство на Дарко Илиевски ја освои апсолутната награда на целиот натпревар. Настапот на оркестарот бил проследен со аплаузи на отворена сцена и беше испратен со овации.

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе шест децении Танец со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.

Националната установа за народни игри и песни ансамбл Танец е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада на Македонија. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор.

Прочитајте и...  Болен татко и седумгодишно девојче со намален слух живеат во разрушена куќа во Куманово

Танец има учествувано на над 4.500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи.

Репертоарот на Танец го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: Невестинското, Тешкото, Комитско, Чифте Чамче, Осоговка и многу други бисери на македонскот народно творештво.

Извор: Denesen.mk

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за