Македонска иновативна компанија создаде уникатен адитив за гаснење пожар

Со поддшка на Фондот за иновации и технолошки развој развиен е македонски производ каков досега нема во регионот, а кој може да има голема примена при заштита и гасење на пожари.

Македонската компанија ВТ Продакшн преку три показни вежби го презентираше адитивот-ретардер, за вода за гасење и заштита од пожар, наречен Fireless. Станува збор за иновативен адитив што се става во вода за гаснење на пожари во сооднос од 12 до 15%.

„Ова е втора проба и досега сите добиени резултати се позитивни и во рамки на очекуваното. На произвдот работиме подолго време, но се интензивиравме откако го добивме грантот од месец март 2019 година. На производот работиме подолго време, но се интензивиравме откако го добивме грантот од месец март 2019 година“, изјави Владимир Тасевски од ВТ Продакшн кој се надева дека овој производ ќе биде успешно комерцијализиран.

Од оваа компанија најавија и дека ќе донираат од 10-15 илјади литри од адитивот на надлежните институции, кои се во вредност од 6-10 илјади евра, за да се утврди неговата функционалност и примена во теренски услови.

На настанот кој се оддржа на полигонот за вежби на Бригадата за против пожарна заштита на град Скопје присуствуваа вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

Фото – Фонд за иновациии технолошки развој

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.