Кујна

Македонска тава – вкусна македонска рецепта која мора да ја пробате

Подготовка

На даската за сечење кромидот го сечкаме. Исечканиот кромид го оставаме во сад настрана. Морковите ги сечкаме на полукругови. И парчињата морков ги оставаме во сад настрана. Коренот од пашканат го сечкаме на парчиња. Парчињата пашканат ги оставаме во сад настрана. На оган ставаме тенџере и во него масло да се загрее. Модриот патлиџан го лупиме. Потоа го сечкаме на парчиња. На загреаното масло во тенџерето го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Ги додаваме морковите и пашканатот. Промешуваме и оставаме да се пржи зеленчукот.


На даската за сечење месото и црниот дроб ги сечкаме на парчиња. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Во тенџерето на оган го додаваме исечканиот модар патлиџан. На оган ставаме тава за пржење и во неа масло да се загрее. Парчињата месо и дроб ги валкаме во брашно и ги оставаме на чинија. Доматот го лупиме во круг и го сечкаме на коцки. Набрашнетите парчиња месо ги ставаме да се пржат во тавата на оган. Во тенџерето каде се пржи зеленчукот го додаваме сечканиот домат. Промешуваме и ја додаваме боранијата, грашокот и доматното пире.
Во тенџере со зовриена вода на оган ставаме коцка за супа. Содржината во тенџерето ја мешаме додека не омекне зеленчукот. Испрженото месо го вадиме од тавата и го ставаме во тенџерето. Во тавата ги ставаме да се пржат парчињата дроб. Лукот ситно го сечкаме. Исеччканиот лук го оставаме во сад настрана. И магдоносот ситно го сечкаме. Испржениот дроб го вадиме од тавата и го ставаме во тенџерето. Исечканиот лук и магдонос го додаваме во тенџерето. Промешуваме. Со црпалка од супата додаваме во тенџерето на оган. Наросуваме мелен црн пипер и посолуваме. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Со црпалка содржината од тенџерето ја претураме во керамичко грне. Го покриваме грнето со капак и го ставаме во рерна. Печеме 1 час на температура од 250 степени. Го вадиме грнето од рерна и го ставаме на работната маса. Со црпалка од тавата а ла гравче ставаме на чинијата за сервирање. Украсуваме со цвет од лушпа од домат и гранчиња француски магдонос.

Прочитајте и...  Диета со јаболка со која ќе симнете 1 килограм за 1 недела

Состојки
– 600 гр. јунешка кртина
– 200 гр. свинска кртина
– 100 гр. црн дроб
– 1 домат
– магдонос
– 1 модар патлиџан
– 2 моркови
– 2 лажици доматно пире
– 5 чешниња лук
– 2 главици кромид
– корен од пашканат
– 100 гр. смрзната боранија
– 100 гр. смрзнат грашок
– масло за јадење
– сол и црн пипер

Најпопуларно


To Top