Јозафат Раман, кој е роден и пораснал во Македонија, иако со неразвиени дланки, свиреше пијано во шоуто „Суперталент“ во Германија и го воодушеви жирито. Тој по настапот откри дека се родил без дланки и стапала.

73478 klavier ohne haende josafat das supertalent

„Тоа е генетски дефект. Немам целосни раце или прсти, а исто така носам и протези на долниот дел од двете нозе“, рече тој.

Јозефат пред пет години се преселил во Келн, каде што живее со родителите. Пред четири години почнал да свири пијано. Тој откри и дека тукушто ги положил завршните испити за десетто одделение и дека сака да заврши средно училиште, а потоа да учи за наставник по музика.

„Секогаш го правев тоа што го сакав. Сакам да покажам дека можете да направите сè и покрај вашиот хендикеп. Сето тоа е прашање на волја. Треба само да вложите многу работа и енергија. Видов видео на ‘Јутјуб’ и помислив: ‘Би сакал да го сторам истото’“, рекол тој.

Прочитајте и...  Селдин Салиу на 15 години е шампион во уметничко лизгање на Италија, а вечерва прв пат настапува под знамето на Македонија

Членката на жирито Ломбарди настапот на Раман ја потсети на тешкото време поминато со синот Алесио, роден со срцева мана.

„Тој навистина крајно ме трогна, ме преплавија емоции. Луѓето родени на овој начин се вистински борци во животот“, му рече Сара Ломбарди, членката на жирито, која плачеше во текот на неговиот настап.

Раман доби ДА од сите три члена на жирито. 

Видеото погледнете го ТУКА.

image 1

Текстот е превземен од Reporter.mk.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за