Македонски пливач измами грчка реакција со натписот „Македонија“ на СП за глуви

Натпис „Македонија“ до македонски спортист не останува незабележан од Грците ни кога станува збор за Светско првенство во пливање за глуви, а виновник за неспокојот на југ од „Северна“ е Андреј Стојаноски.

Фотографијата од единствениот претставник на Македонија на петтиот мундијал, кој се одржа од 25 до 31 август во бразилскиот град Сао Паоло, предизвика реакција од Магдалени Игнатиаду на Твитер.

„Светско првенство во пливање во Бразил. Честитки за Вашата изведба господине, но го прекршивте Договорот од Преспа….
Откажете го, тие немаат намера да се придржуваат до договореното ни сега, а камоли по години. #Македонија е грчка“, твитна загрижената Гркинка од Воден, иако и на официјалната вебстраница на шампионатот Македонија си е Македонија, без додавката „Северна“.

Стојаноски достојно ја презентира Македонија, освојувајќи го петтото место на 200 метри мешано, седмото на 400 м мешано, осмото на 200 м слободно, деветтото на 1.500 м слободно и десеттото на 800 м слободно.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.