Македонија

Македонскиот пливач Поп Ацев е победник на светската серија ултрамаратони ФИНА 2019!

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана севкупен победник на светската серија на ултрамаратон на отворени води на ФИНА 2019.

На последата трка во Италија (од островот Капри до Неапол), Поп Ацев заврши на третото место, што беше доволно да се искачи на највисокото место на пиедесталот.

За Поп Ацев ова е втор пат во кариерата да го освои Светскиот Куп. Првиот пат ова го стори во 2015 година.

Второ место во севкупниот пласман беше Бертол Гилермо од Италија, додека трет заврши аргентинскиот пливач Блаум Дамиан.

Светската серија се пливаше и во Охрид на 28 август.

Прочитајте и...  Полицијата трага по 27-годишен скопјанец кој боледува од епилепсија
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top