Македонија

Малечката Бисера по 8 месеци конечно споена со своето семејство!

Јавноста ја запозна малата Бисера кога нејзините родители објавија видео од девојчето кое едвај дише, а со месеци лежи на Детската клиника.

Родителите и покрај големата упорност беа одбивани детето да го добие соодветниот третман. Тогаш, клиниката објави дека мајката била болна во текот на бременоста и имало документи според кои детето би имало последици, но тие наводно не биле подигнати од страна на родителите. Потоа, од клиниката објаснија дека детето поради таа состојба има многу инфекции и дека ќе сторат се што можат за да ја спасат.

Но, поради големиот притисок во јавноста, Бисера беше префрлена во клиниката Жан Митрев каде беше излечена од сите инфекции и проблеми. Од клиниката објавија видео на кое ја објаснуваат постапката на лечењето и соопштија дека малата Бисера конечно по 8 месеци, заминува дома жива и здрава!

Прочитајте и...  Прекрасна интерпретација на „И ние сме деца на Македонија“ од групата Чалгии Мерак

Најпопуларно

To Top