Македонија

Малиот Милош од Сушица секој ден на училиште оди со магаре или пешачи по три часа

Седми март 2019-та година. Деветгодишниот Милош се подготвува за на училиште.Освен, ранецот со книги, секое утро прави подготовки и за неговиот необичен превоз.

„ Eве сега е топло може и пешки, ама некогаш со магаре. А не е сега време дете со магаре да носиш на школо. Тоа е..условите се тешки – вели татко му Трајан.

Часовите во скопското училиште во Сушица почнуваат подоцна од стандардното време, бидејќи на учениците од Живиње, за да стигнат им треба околу еден час, ако одат пеш, и двојно повеќе за да ја искачат угорнината за назад кон дома.

„Не заслужува едно детенце да живее во такви услови искрено речено. Мислам дека кај луѓето хуманоста ќе се разбуди и ќе затоа што на ова семејство навистина му е потребна помош.“ – вели неговата учителка Силвана Василевска.

Милош е еден од најредовните ученици во неговиот клас. За неговата учителка, тој е херој, бидејќи вели никогаш не можела да претпостави, во вакви услови живее. Не можевме ниту ние.

Прочитајте и...  Внимавајте за Велигден: Еве колкав им е рокот на вапцаните јајца

„Еве гледате.. не е нешто нај нај… Плафон немаме, со картони е покривот…Овде спиеме сите, ама не можеме ни да варосаме ни да одиме на пазар, финансиски сме слаби.. Тоа е… Животот е таков“


Извор: Балкан.мк

Најпопуларно


To Top