Текстови и колумни

“Мамо зошто плачеш?” – трогателна приказна која вреди да се прочита

mother crying majka

Едно момче ја прашало својата мајка : ”Зошто плачеш?
“Затоа што сум жена.” – му одговорила таа.
“Не разбирам.” – рекло момчето.

Мајката само го прегрнала и кажала : ” Никогаш и нема да разбереш.”
Подоцна го прашало својот татко : “Зошто мама плаче без причина ?“
Сите жени плачат без причина – било единственото што таткото можел да му каже.
Момчето пораснало, станало маж и се уште се прашувало зошто жените плачат.
На крај го повикало Бог. Кога го добил, го прашал: “Боже зошто жените толку лесно се расплакуваат?”

Бог му одговорил: Кога ја создавав жената мораше да биде посебна. И дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха. И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца. И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор.

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 3

И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило.

И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце.

И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него.

И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче. Тоа е само нејзино на користење кога и да и затреба. Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла.”

Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце – место каде што е љубовта.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top