Занимливости

Мапа за изгубено пиратско богатство- вистина или мит?

Во април 1717 година, после неколку месеци пљачкосување на Карибите, озогласениот пират Блек Сем Белами се враќал дома во Масачусетс со својот брод Видах Гали. Се зборува дека биле заробени 50 чамци и 4,5 тони злато. Меѓутоа наишло невреме и бродот бил проголтан од морето. Преживеале само 8 од 180 членови на екипажот, меѓу не бил Белами.

Кога преживеаните стигнале на брегот, властите веднаш ги осудиле на смртна казна поради гусарење. Но пиратите, за да се спасат им ја откриле локацијата каде што потонал бродот. Гувернерот веднаш пратил агенти по богатството, но поради силни ветрови, немирната и ладна вода било скоро невозможно да се пронајде.

Како годините поминувале сите почнале да се сомневаат дека приказната за изгубеното богатство е воопшто вистинита. Околу 260 години подоцнам во 1982 година професорот во средно училиште Бери Клифорд, кој бил и нуркач, роден во близина на местото на бродоломот, веќе со години бил опседнат со приказната за загубеното богатство и се повеќе бил убеде дека „Видах Гали“ и понатаму стои заедно со останатото богатство.

Прочитајте и...  Црква во Сан Франциско ги отвара своите врати за бездомниците

Решен да ги пронајде остатоците, Клифорд бара мапа и поморски белешки во библиотеката на Масачусетс, се додека не ја нашол главната трага- стара мапа од 1717 година. Мапата му припаѓала на агентот кој го испратил гувернерот. На мапата било обележано местото на кое бродот потонал. Бери тогаш восхитено рекол: „Можете ли да замислите да пронајдете мапа за скриено богатство. Ете тоа ми се случи мене.“ Ги вложил сите свои пари за да организира потрага. Продал се што поседувал. Потрагата траела со месеци.

Поминале две години откако екипата тргнала во потрага по богатството, а никаква трага не била пронајдена. Бери веќе бил исцрпен, а ситуацијата станала заморна и мрачна. Клифорд сфатил дека дека океанските струи, сепак, за скоро три века ги однесле остатоците од бродот. Скоро останале и без гориво. Тогаш Клифорд тргнал во последен обид, нурнал и пронашол нешто светликаво на дното на океанот. Тоа било шпански златник на кој пишувало 1684 година.

Прочитајте и...  Луѓето над 40 години треба работат само 3 дена во неделата!

Дури тогаш кога го нашле првото ѕвоно, тешко скоро 100 килограми, на кое пишувало THE WHYDAH GALLY 1716 — Whydah Gally 1716, имале доказ дека го нашле вистинскиот брод. Наоѓале обемно скапоцености под песокот, илјадници и илјадници парички и златници кои вределе милиони. Иако биле славни пирати, ова воедно било доказ дека Белами бил најбогатиот и најуспешниот пира во историјата.

После ова возбудливо откритие, врховниот суд му дал сопственост на Бери и неговата екипа над ова историско откритие. Наместо да го продадат ова богатство, вредно 400 милиони долари, тие ја зачувале целата пиратска колекција, и направиле пиратски музеј „Видах“, за да може идните генерации да уживаат во ова откритие.

Со зачувани 200.000 предмети, ова е единственото документирано пиратско богатство на светот.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top