Случувања

Марија во карантин ja милува душата на фановите со изведба на големиот хит на Тоше Проески

Марија Шерифовиќ приреди изненадување за своите многубројни фанови.

Имено, познатата пејачка одлучи заедно со своите соработници да ја изведе познатата песна „Volim osmeh tvoj“ на Антонија Шола и Тоше Проески.

Сакани мои, знаете дека во моментов концерти нема… Не знам како да ви објаснам колку ми недостасуваат и колку едвај чекам лудилово во кое се наоѓаме да пројде. Се надевам дека ќе ви се допадне ова наше мало дело. Уживајте! – напиша Марија.

А фановите и тоа како можеа да уживаат. Марија маестрално ја одработи својата задача, а фановите ја преплавија со позитивни коментари.

„Колку прекрасно отпеано… Браво Марија. Буквално си најдобриот глас на Балканот“, се само некои од коментарите.

Прочитајте и...  Тони Цетински и по 13 години со емотивен статус посветен на нашиот Тоше

Најпопуларно


To Top