Случувања

Маријана стана баба на Велигден, Росана пресреќна

Пејачката Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, денес во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.

За убавата вест, на својот Фејсбук профил, прва објави Росана.

„Добив внуче од внук ми Филип на Маријана. Таа е пресреќна, ова е прво. Се роди баш на Велигден. Малку е лудило ситуацијата, но тоа е што е. Мој Филип, мој внук мое злато и душа, стана првпат татко а снаата Анастасиа првпат мајка. Среќни сме сите, пресреќни, со солзи на лицето и со грутка во душата што не сум таму. Добро ни дојде наша принцезо, наша Ива“, изјави Росана за Женски магазин

Извор: Женски магазин

Прочитајте и...  Малите Милица и Марко никогаш не слават роденден:Волкот ни е прв сосед – а мечката најдобар пријател

Најпопуларно


To Top