Марко го победи ветерот но по скоро пет часа во вода мораше да се откаже!

Без разлика што не успеа да стигне до посакуваната цел, Марко Пејчоновски ги победи сите оние кои не веруваа во неговата ментална сила.

Планот беше да исплива маратон  долг 64 километри од Охрид до Свети Наум па до Струга и назад до Охрид во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Сепак по скоро пет часа во вода, во борба со силниот ветер и немирното езеро, поради болки во ногата мораше да се откаже од храбриот подвиг.

„Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгошник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести. Марко изминаа 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и мина 11 километри и 840 метри.  Утре сите заедно да ја дадеме нашата поддршка, да придонесеме за подигнување на свеста за ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ и да бидеме НИЕ тие што ќе ја направат разликата!“ – пишува на Фејсбук профилот на Марко Пејчиновски.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.