Македонија

Марко ита кон Св. Наум, ветрот и бранот против него

Младата охридска пливачка легенда Марко Пејчиновски го минува Пештани и ита кон првата цел од соло маратонот долг 64 километри, Св. Наум.

Фото: Ohridnews

Првите 8 километри Марко ги мина за 2 часа и 49 минути. Последните три километри тој се бори против контра бран кој го создава ветрот кој за разлика од стартот сега дува од јужен правец со брзина од 9 км/час.

Како што е познато Марко ќе се обиде да го исплива таканаречениот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид, а подвигот го посветува на лицата со ретки болести.

Извор: OhridNews

Прочитајте и...  Роденденска изложба на МНТ за македонските драми на неговата сцена
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top