Македонија

Масакр на Јабланица- покосени 2500 букови стебла (ВИДЕО)

Шумската полиција откри голема површина на бесправно исечени стебла од висока букова шума во Шумската стопанска единица „Јабланица“ Струшко во оддел 3, кој според изворите на апла.мк од полицијата е недозволен за сеча. Тоа е на границата кај Дебар и Струга.

3113633f8c0242316c7d8bf4ba03ec73 xl

Според истиот извор, дрвната маса била транспортирана како да потекнува од Шумско стопанска единица Стогово Дебар оддел 42- а во кој стопанисување врши приватна фирма – оператор, а надзор врз работењето и издавање на документација како да вршат вработени во Национални шуми.

Извори од шумската полиција кажуваат дека бесправно се посечени околу 2500 стебла од бука со дијаметар од 25 сантиметри и повеќе и висина од околу 30 метри.

Вкупно посечена бесправно дрвна маса е од околу 1500 метри кубни, а одземени од страна на Шумската полиција се 94 метри кубни. Акцијата на шумската полиција продолжува.

Прочитајте и...  Ајде хумани луѓе: Да му помогнеме на малиот Влатче
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top