Лимонот е исклучително корисно овошје кое ни нуди бројни здравствени бенефиции. Има широк распон на лековити својства и може да ни помогне во случај на разни здравствени проблеми, позитивно влијае на желудникот, црниот дроб, како и на зајакнување на нашиот имунитет и кардиоваскуларен систем.

Лимонот е исклучително ефикасен во превенција од разни болести , вклучувајќи ги бубрежните каменчиња, високиот крвен притисок, грип, бронхитис и сл.
Но, нема само корист од лимоновиот плод, овој рецепт со лимонова кора ќе ви помогне да се ослободите од болните зглобови.
Начин на приготвување:
Излупете кора од два лимона, ставете ја кората во тегла и прелијте со маслиново масло, целосно да биде прекриена.
Затворете ја теглата и оставете да отстои 2 седмици.
Во ова масло натопете газа и истата ставете ја како облога врз болниот зглоб.
Преку газата фиксирајте со најлон кеса, а преку неа ставете волнен шал.
Ова правете го навечер за да преспиете со облогата. Наутро ќе почувствувате значително подобрување.